Грејпфрут плодот е богат е со витамин Ц, содржи витамин А, Б, Д, Е, како и калциум, фосфор, магнезиум, манган, цинк, бакар и железо. Исто така содржи голема количина на полифеноли, биофлавоноиди (60-70%), поради кои делува позитивно на здравјето.

Наригенин, кој се наоѓа во грејпфрутот, има позитивно дејство врз оштетените ДНА молекули кај тумор на простатата. Поправање на оштетената ДНА е еден од главните одбранбени механизми против ракот, затоа што ги отстранува потенцијалните канцерогени супстанци.

Како да се зајакне имунитетот?

За зајакнување на имунитетот неопходни се здрави навики и одговорно однесување: правилна исхрана, доволно сон, редовно одмарање, секојдневни физички активности, намалување на стресот, одржување на личната хигиена, одржување на хигиена на просторот.

  • Правилна и здрава исхрана го зајакнува имунитетот. Во организмот треба да се внесуваат неколку помали редовни оброци кои треба да содржат доволно: витамини (особено Д, Ц и А), минерали, антиоксиданси, растителни влакна, протеини, јаглени хидрати и калории.

Од овошје се препорачува: јужно овошје, грозје, јаболки, бадеми но и природни овошни сокови. Од зеленчук издвојуваме: кромид, лук, зелка, патлиџан, пиперки, брокула.

Во недостаток на свеж зеленчук доволно витамини обезбедува и зимницата. Протеини и минерали се внесуваат пилешката супа, посно месо, месо од живина, риба, печурки и млечни производи со малку масти.

  • Додатоци во исхраната можат да бидат медот и прополисот (матичен млеч) бидејќи поволно делуваат на имунитетот. Поволна комбинација е топол чај (од нане, камилица, зелен чај, хибискус…) засладен со мед. Мултивитамините помагаат ако веќе не внесуваме доволно витамини со редовната исхрана.

Спиењето и одморот се неопходни за нашето здравје и намалување на стресот. Важно е да се спие во мир и тишина 7-8 часа дневно. Спалната соба не треба да е претопла. Дневниот, неделниот и годишниот одмор служат за опуштање на организмот.

  • Хигиената на просторот и личната хигиена се предуслови за добар имунитет. Редовното миење раце, се подразбира, бидејќи тие се најподложни на инфекции. Секој ден проветрете ги работните простории и спалната соба, со тоа што во студениот период проветрувањето треба да трае 3 до 5 минути.

Ова се само некои совети кои можат да ни помогнат за зголемување на имунитетот.