Крварењето се сопира со згрутчување или коагулација на крвта. Но кога крвните згрутчувања ќе се појават без физичка повреда на телото, тогаш можат да значат други сериозни медицински проблеми. Промената на бојата на кожата, односно појавата на модринки е предизвикана од протокот на крв во поткожното ткиво. Овие симптоми покажуваат дека некаде има опасно згрутчување на крвта.

Болка во нозете или чувствителност: ова е чест симптом и болката понекогаш се опишува како грч.

Необјаснива кашлица: веднаш обратете се кај вашиот лекар.

Болка во градите при длабоко дишење: ако во случај го имате овој симптом можно е да имате згрутчување на крвта во белите дробови.

Црвени пруги на кожата: модринките се облик на згрутчување на крвта, но во случај да воочите црвени пруги по должината на вените, тогаш ова не е нормална модринка.

Црвена или темна промена на бојата на ногата: Црвени или темни дамки на вашата кожа кои се појавуваат без причина може да бидат симптом на згрутчување на крвта во вашата нога. Вие исто така може да чувствувате пецкање и топлина во оваа област, па дури и болка, додека ги истегнувате прстите нагоре.