Директорката на здравствениот испекторат Ирина Бухова, во изјава за една од нашите тв куќи потврди дека четири лица кои биле на одмор во Грција се вратиле во Македонија позитивни на коронавирусот. Сите лица биле ставени во изолација, а епидемиолошката анкета се уште е во тек. За македонскиот медиум, директорката Бухова информирала дека групата со која патувале заразените броела вкупно 26 патници.
– Во овој момент здравствениот инспекторат има издадено решение на четири граѓани позитивни на ковид 19 кои вчера допатувале од годишниот одмор од Грција, и уште еден патник се пожалил дека ги има симптомите на вирусот, утре ќе биде тестиран. Епидемолозите ги имаат контактите од епидемолошката анкета која се уште е во тек, а доктор Ирина Бухова во изјавата истакнала и дека бројот може да се зголеми бидејќи во таа група каде биле заразените броеле 26 патници, колку се вратени во Македонија епидемилозите допрва ќе испитуваат.