Светската здравствена организација денеска во Берлин ќе отвори центар за рано предупредување за пандемија, со цел борба против идни евентуални пандемии.
Новиот глобален центар на СЗО за пандемиски и епидемиски податоци (Hub for Pandemic and Epidemic Intelligence) „ќе ги собере партнерите од целиот свет за да соработуваат и ќе создадат податоци и алатки кои им се потребни на сите земји за да се подготват, откријат и да одговорат на пандемиски и епидемиски ризици“, нагласи СЗО.
Центарот ќе го отворат првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус и германската канцеларка Ангела Меркел. Здравствените експерти веруваат дека по Ковид-19, појавата на нова пандемија е само прашање на време и затоа предупредувачките знаци мора систематски да се следат со цел ран и силен одговор.
Кога беше донесена одлуката за основање на центарот во мај, Меркел рече дека „податоците се важна основа за борба против идните пандемии“.