Вчера во 20.30 часот 63- годишниот Т.Н. од Австралија пријавил  во полиција дека на пладне  на Плоштадот „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. Лекарска помош му била укажана во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”, по што одлучил да го пријави случајот во полиција. Последните неколку месеци плоштадот е запоседнат од глутница кучиња – скитници кои често напаѓаат минувачи. Оваа слика ги брка туристите, а градските власти не превземаат ништо.