Во текот на денешниот ден, по македонските електронски медиуми се пренесе информацијата дека 177 деца од ООУ „Братство Единство“ од Охрид се наоѓаат во изолација поради контакт со позитивни наставници.
Директорот на училиштето посочил дека во училиштето во целост се спроведуваат протоколите препорачани од комисијата за заразни болести, но поради мал ризик се одлучиле учениците наставата одреден период да ја следат онлајн.
– Станува збор за ученици од предметна настава и тоа шест паралелки од подрачното училиште во Лескајца и паралелките од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од централното училиште, ученици кои следат настава на турски јазик“, изјавил директорот Џамал Мехмед за локален охридски портал.