Безброј луѓе во светот страдаат од несоница и имаат проблеми со сонот. Пореметувањето на спиењето многу го отежнува нормалното функционирање во текот на денот, а предизвикува и дополнителен стрес кој влијае на секој елемент од животот. Нарушувањето на спиењето може да биде резултат на некои биолошки елементи, нездравата исхрана, психијатриски или физички медицински состојби.

Ова се некои од состојбите кои можат да доведат до проблеми со сонот: болки во вратот и грбот, анксиозност и депресија, болест на штитната жлезда, астма, алергиски реакции, проблеми со желудникот и стомакот и артритис.

 

Пореметувањето на спиењето може исто така да биде предизвикано од специфични активности и соединенија, како што се алкохолот, кофеинот, никотинот или големо количество на храна пред спиење. Токму затоа постои природен начин како да се справите со нарушувањата на сонот и спиењето.

Мускатното оревче содржи умерен седатив кој ефикасно делува кога се соочувате со несоница. Исто така овој зачин кој се користи во исхраната има и бројни здравствени предности, тој е одличен за детоксикацијата на организмот, помага во варењето на храната, ја ублажува непријатноста, го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува здравјето на кожата и ја подобрува циркулацијата. Помешајте половина мала лажичка мелено мускатно оревче во чаша млака вода. Консумирајте ја оваа смеса 4-5 часа пред спиење.