Околу 14 проценти од коралите во светот исчезнале меѓу 2009 и 2018 година поради климатските промени, прекумерниот риболов или загадувањето, соопшти Светската мониторинг мрежа на корални гребени (GCRMN).
Состојбата на светските корални гребени од 2020 година нуди најточна научна проценка за штетата на коралните гребени, предизвикана од зголемените температури, се вели во соопштението на мрежата. Податоците за извештајот беа собрани од 12.000 локации во 73 земји.
– Коралните гребени ширум светот се загрозени од глобалното затоплување и други локални притисоци, како што се прекумерниот риболов, неодржливиот развој на крајбрежјето и намалувањето на квалитетот на водата“, наведоа од GCRMN.
Помеѓу 2009 и 2018 година, светот загуби речиси 14 проценти од своите корали, повеќе од сите моментално живи корали во Австралија, според GCRMN.