Словенија се соочува со рекорден број позитивни тестови на Ковид-19. Во последниве 24 часа се регистрирани нови 1.669 заразени, а 31,9% од направените 5230 тестови се позитивни, што според стручните лица е исклучително загрижувачки.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера во Парламентот рече дека ако продолжат негативните трендови, општеството и економските активности ќе треба да се затворат. Причината за повторното ширење на инфекцијата ја гледа во прениската стапка на вакцинација, но и недозволивите јавни собири и протести и предупреди дека ширењето на епидемијата во Словенија во последните неколку дена е најбрзо во Европа.
Инфектологот Матеја Логар, која ја предводи владината експертска група за борба против Ковид-19, изрази надеж дека нема да бидат потребни нови ограничувања бидејќи трендот може да се забави, со оглед на тоа што образовните институции ќе бидат затворени цела наредна недела поради првите училишни распусти оваа учебна година.
Според податоците на Министерството за здравство, во моментов во болниците има 418 пациенти, од кои на 120 им е потребен интензивна нега, а само девет проценти од оние на интензивна нега се вакцинирани, рече Матеја Логар.