Во Словенија вчера биле регистрирани 2.270 нови случаи на Ковид, што е најголем број заразени во претходните речиси 10 месеци, додека осум лица починале во истиот ден. Според официјалните податоци, од вкупниот број на тестирани, 30,2 отсто биле позитивни. Моментално хоспитализирани се 440 лица, а на интензивна нега се 123 пациенти.
Од Националниот институт за јавно здравје, посочуваат дека бројот на нови случаи се зголемил во просек за 121 во изминатите седум дена, сега е на 1.550, а двонеделната инциденца на 100.000 жители сега е 825.
Институтот проценува дека во моментов во Словенија има 17.436 активни случаи во државата.