Главниот град на Австрија, кој има и статус на покраина, Виена донесе одлука за вакцинирање на деца од 5 до 12 години и заострување на епидемиолошките мерки, со што се предвидува воведување на таканареченото правило „2Г“ во гастрономијата.
Виена од крајот на следната недела ќе го воведе четвртото ниво на мерки, планот на австриската влада, кој се базира на целосниот капацитет на интензивна нега. Ова ниво предвидува дека само лицата кои се вакцинирани или прележале Ковид-19 да можат да влезат во угостителски објекти, но и за услужни дејности, односно за користење фризерски услуги, салони за убавина и слично, но и собири со повеќе од 25 лица.
Имено, правилото „2Г“ значи дека за пристап е потребно да се поседува потврда за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 не постара од 180 дена.
Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, истакна дека во наредните денови ќе се прецизира за кои места ќе се применуваат правилата „2Г“.