Направени се 1.483 тестирања, а регистрирани се 172 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 107, Охрид – 11, Битола – 8, Кавадарци и Штип – по 6, Велес и Струга – по 5, Струмица – 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија – по 1.
Регистриран е 381 оздравен пациент од: Скопје – 145, Битола – 42, Куманово – 30, Штип – 22, Кавадараци – 21, Велес – 20, Кочани – 18, Крива Паланка – 15, Прилеп – 12, Тетово – 10, Кичево и Берово – по 8, Свети Николе и Неготино – по 5, Кратово и Делчево – по 4, Охрид, Богданци и Радовиш – по 3, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 71г, 72г и 75г) и по едно починато лице од Битола (65г), Берово (63г), Струга (85г), Струмица (65г) и Македонска Каменица (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Направени се 1.483 тестови преку: ИЈЗ-37, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–133, Жан Митрев (Филип Втори)-53, Авицена-48, Биотек-100, Систина-46, лабораторија Лаор-0, Синлаб-5, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-157, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-18, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 830.
Досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.449, бројот на оздравени пациенти е 193.781, на починати е 7.337, а бројот на активни случаи изнесува 8.331.