Во Хрватска за 24 часа се заразиле 4443 лица со Ковид-19, а 50 починале

Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 4443 нови случаи на заразени со коронавирус, а бројот на активни случаи денеска изнесува вкупно 33.760. Од нив 2378 пациенти се во…

Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 4443 нови случаи на заразени со коронавирус, а бројот на активни случаи денеска изнесува вкупно 33.760. Од нив 2378 пациенти се во болница, а 289 се на респиратор. Во последните 24 часа, од последиците на вирусот починале 50 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, регистрирани се вкупно 544.330 лица заразени со коронавирус, од кои 9.986 починале, вкупно оздравеле 500.584 лица, од кои 4.695 во последните 24 часа.

Во моментов во самоизолација во Хрватска се 24.144 лица. До денес се тестирани вкупно 3.288.144 лица, од кои 12.911 во последните 24 часа.

Заклучно со 15.11.2021 година потрошени се 3.871.196 дози вакцини, а вакцинирани се 50,76% од вкупното население и 60,66% од возрасната популација. На ден 15.11.2021 година аплицирани се 19.884 дози вакцина, од кои 12.149 лица се вакцинирани со првата доза. Заклучно со 15.11.2021 со најмалку една доза се вакцинирани 2.060.023 лица.


Related Articles