Според најновите информации кои се пренесоа во дел од македонските електронски медиуми, кај тројца пациенти во земјава е регистриран подвидот на сојот омикрон, БА.2. Станува збор за двајца пациенти од Скопје и еден пациент од Струмица.
Информациите посочуваат дека во лабораторијата на Институтот за јавно здравје направена е типизација на 41 примерок од кои 35 граѓани се носители само на омикрон, додека тројца на новиот подвид.
Исто така, во земјва се уште е присутен и делта сојот, кој дава потешка клиничка слика на заразените.
Според симптомите, сојот омикрон е позаразен и побрзо се шири, но исто така има полесна клиничка слика.