Направени се 1.707 тестови, а регистрирани се 465 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 341, Кавадарци – 21, Струмица – 19, Штип – 15, Куманово – 13, Охрид – 11, Прилеп – 6, Гостивар – 5, Велес, Струга и Гевгелија по – 4, Битола, Тетово, Крива Паланка и Богданци по – 3, Кичево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по -1.
Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 92 реинфекции.
Регистрирани сe 1.880 оздравени пациенти од: Скопје – 1.181, Кавадарци – 81, Куманово – 68, Битола – 63, Струмица – 56, Велес – 55, Гевгелија – 39, Прилеп и Охрид по – 30, Гостивар и Валандово по – 29, Кичево – 20, Тетово, Неготино и Радовиш по – 19, Штип и Струга по -18, Крива Паланка – 16, Кочани и Свети Николе по – 12, Богданци – 11, Македонски Брод – 10, Ресен – 8, Делчево и Кратово по – 7, Берово – 5, Пехчево – 4, Виница, Пробиштип, Демир Капија и Дојран по – 3 и Демир Хисар – 2.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 6 починати лица од Скопје (70г, 71г, 75г, 80г, 83г и 95г), по две починати лица од Кочани (60г и 75г), Неготино (78г и88г), Прилеп (72г и 77г) и по едно од Велес (78г), Кичево (66г), Куманово (83г), Охрид (93г), Свети Николе (80г), Струга (80г), Струмица (76г) и Штип (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Ресен (72г), починато во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.847.971 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, а бројот на активни случаи изнесува 9.699.