Др.Даниловски: Бесмислено е носењето маски во училиштата, а сертификатите сосема да се укинат

Епидемиологот, доктор Драган Даниловски смета дека е бесмислено носењето на заштитни маски против ковид-19 во училиштата. Тој вели дека треба да останат само препораките за носење маски во затворено и…

Епидемиологот, доктор Драган Даниловски смета дека е бесмислено носењето на заштитни маски против ковид-19 во училиштата. Тој вели дека треба да останат само препораките за носење маски во затворено и тоа само за одредени категории граѓани.

– Влезени сме во зелена фаза. Дефинитивно е потребно сосема да се укинат сертификатите за вакцинација. Тоа требаше и порано бидејќи се бесмислени. Треба да останат препораките за носење маски во затворени јавни простории за луѓе со хронични заболувања, луѓе кои се постари од 65 години и луѓе на кои им изминале повеќе од 3-4 месеци од третата доза, за повозрасни и од втората доза за помладите лица. Препорачувам укинување на маските во училиштата затоа што во оваа фаза тоа е бесмислено, смета д-р Даниловски.

Доктор Даниловски посочува и дека имунитетот на популациско ниво е над 90%, што е знак дека короната полека стивнува.


Related Articles