Кина денеска нареди затворање на 9 милионски град поради зголемување на бројот на заболени од Ковид-19

Кина денеска нареди затворање на североисточниот град Чангчун – град со девет милиони жители, во услови на ново зголемување на бројот на случаи на КОВИД-19 во областа. Од жителите се…

Кина денеска нареди затворање на североисточниот град Чангчун – град со девет милиони жители, во услови на ново зголемување на бројот на случаи на КОВИД-19 во областа.

Од жителите се бара да останат дома и да поминат три рунди на масовно тестирање, додека несуштинските активности се затворени и транспортните врски прекинати.

Кина денеска пријави уште 397 случаи на локално пренесување на ковид низ целата земја, од кои 98 во провинцијата Џилин што го опкружува Чангчун.

Во самиот град се откриени само два случаи, потсетувајќи дека кинеските власти повеќепати најавија дека ќе ја затворат секоја заедница во која ќе се најдат еден или повеќе случаи во согласност со кинескиот пристап кон пандемијата – „нулта толеранција“.


Related Articles