Македонија се наоѓа во зелена зона, учениците се ослободуваат од обврската да носат маски

Македонија се наоѓа во зелена зона во однос на епидемиолошката состојба со коронавирусот во земјава, истакнаа денеска од Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок. Од Комисијата истакнаа дека ваквата…

Македонија се наоѓа во зелена зона во однос на епидемиолошката состојба со коронавирусот во земјава, истакнаа денеска од Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок. Од Комисијата истакнаа дека ваквата состојба дава простор малку да се попуштат мерките. Затоа донесена е одлуката децата да не носат заштитни маски на училиште.

– Учениците во основните училишта се ослободуваат од обврската да носат маски. Обврската за носење маски останува за наставниците и техничкиот персонал, истакнаа од Комисијата.

Појаснија дека доколку некои од родителите сметаат дека детето треба да носи маска, може тоа да го направи. Се предлага укинување на задолжителното носење.

Втората препорака се однесува на зголемување на капацитетот во затворени објекти, како опери, театри кина. Досега максималната исполнетост во овие објекти беше 50 проценти, а сега се зголемува на 75 отсто исполнетост. Третиот предлог е укинување на сертификати во отворени угостителски објект.

Овие препораки од Комисијата ќе се најдат на седница на Главниот кризен штаб, а ако се прифатат таму, потоа за истите ќе се одлучува и на седница на Влада. Начинот на изолација, истакнаа од Комисијата за заразни болести, останува ист засега.


Related Articles