Полека но сигурно, во паркот на кругот на Клинички центар Мајка Тереза во Скопје, никнува „дивоградба” за која никој нема издадено дозвола да се гради, предупредуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, од каде потенцираат дека полека но сигурно, истата од времен објект ќе треба да прерасне во траен објект за кој еден ден ќе треба да се плаќаат пенали за отстранување.
Бараме до сите надлежни институции во земјава:
– Министерство за здравство
– Одговорни и раковидители и директори во Клинички центар
– Градоначалник на Општина Центар
– Градоначалник на Град Скопје
– Инспекциски служби
– Инспекции за урбана опрема
Да постапат по закон и да не дозволат да се изгради и постави ова грдо здание во кругот на КЦ Мајка Тереза.
Доста беше корупција и урбана мафија.