Вкупниот број на потврдени коронавирус инфекции достигна над 500 милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) доцна синоќа, јави ДПА. Глобално, до ноќеска, потврдени се 500 милиони случаи со Ковид-19, вклучително и 6.2 милиони починати лица со вирусот, се наведува во соопштението.
Од појавата на заразата, кон крајот на 2019 година, најмногу инфекции се евидентирани во Европа (209.5 милиони) и во САД (151.7 милиони). Африка пак, од друга страна, сочинува само околу два отсто од глобалниот број случаи.
Сепак, СЗО има сомнежи за поголем број нерегистрирани случаи на овој континент. Се верува дека до 97 пати повеќе луѓе можеле да се заразат таму, од познатата бројка.