УХМР: Не очекува дожд, засилен северен ветер и пад на температурите

Под влијание на влажна и студена воздушна маса в недела и понеделник времето во земјава ќе биде облачно, ветровито и значително постудено, со врнежи од дожд, а на планините и…

Под влијание на влажна и студена воздушна маса в недела и понеделник времето во земјава ќе биде облачно, ветровито и значително постудено, со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Пообилни врнежи од над 20 литри на квадратен метар ќе има в недела, особено во јужните и источните делови и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури и под нула.

Времето утре, пак, ќе биде умерено до значително облачно, кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот од северните делови ќе се прошири засилен ветер од северен правец.


Related Articles