Воспалението на синусите обично е придружено со голема количина секреција, која тече низ носот. Со овој симптом најчесто се јавува и главоболка. За да го забрзате опоравувањето, фитотерапевтите препорачуваат инхалација и креми базирани на лековити билки.
Моќниот босилек: Две лажици босилек прелијте ги со пет децилитри зовриена вода и чајот оставете го поклопен 10 минути. Кога чајот ќе отстои, процедете го и загрејте го. Пареата инхалирајте ја низ носот. Повторете го тоа неколку пати во текот на денот.
Крема за полесно дишење: Во 10 мл гел од алое вера, додадете 16 капки етерично масло од бор и еукалиптус. Измешајте го добро со дрвена лажица. Нанесете многу мала количина крема во ноздрите, масирајте го коренот на носот, за брзо да почувствувате олеснување на дишењето и исфрлање на слузот. Ова се препорачува два до три пати на ден, особено пред спиење.
Против воспаление: Во случај на појава на бактерии и гној во синусните шуплини, советот е да мирување со антибиотици. Од помош може да биде и ставање топли, варени јајца од двете страни на носот. Исто така, се препорачува неколку пати на ден да се шмрка млака солена вода или благ чај од камилица и боквица. Сварете компир и исцедете ја водата. Наведнете се над садот, покријте ја главата со крпа и дишете ја топлата пареа што е можно побрзо.