Бројот на заразени со коронавирус во Африка и во САД се зголемува поради ширењето на подвидот на сојот Омикрон на Ковид-19, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус на денешниот брифинг. Во светот, извештаите за смртни случаи продолжуваат да се намалуваат, рече тој, додавајќи дека бројот на заразени за една недела во моментов е „најмал“.
– Но, овој тренд, иако е восхитувачки, не ја покажува целосната слика. Сведоци сме на зголемување на бројот на заразени во Америка и Африка предизвикани од подвидови на Омикрон, предупреди генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО).
Според епидемиолошкиот билтен на СЗО од 4 мај, во неделата од 25 април до 1 мај, во светот се регистрирани 3.893.033 случаи на инфекција со коронавирус и 15.695 смртни случаи. Морбидитетот во светот минатата недела е намален за 17 отсто, а смртноста за три отсто во однос на претходните седум дена. Процентот на зарази е зголемен во Африка (31%) и Северна и Јужна Америка (13%), додека во останатите четири региони има пад.