Со доаѓањето на летните жештини премногу облека може да предизвика прегревање на телото на детето, што претставува сериознa заканa за здравјето.
Американската академија за педијатрија го поврза прегревањето на телото со зголемен ризик од синдром на изненадувачка смрт кај новороденчињата.
Постојат неколку начини на кои можете да проверите дали на бебето му е премногу топло:
- Допрете ги главата и вратот на вашето дете за да проверите дали се влажни. Тоа е знак дека се поти.
- Набљудувајте го лицето на детето. Ако е повеќе црвено од обично или започнуваат да се појавуваат некакви брунки, возможно е неговото тело да е премногу жешко.
- Слушнете внимателно како се одвива дишењето на вашето дете. Брзото дишење е симптом на прегревање. Допрете ги прстите на детето, ако се топли, тоа е еден од знаците дека му е премногу жешко.
- Ако детето не може да заспие и е немирно, можеби му е премногу топло. Но, тоа може да биде знак и за некои други проблеми, како грчеви или мокри пелени.
Порталот „livestrong.com“ предупредува дека новороденчињата не треба да ја покриваат главата, освен ако не е ладно.
Ако спиете со вашето бебе, имајте во предвид дека тоа ќе се загрее од вашето тело, па не е потребно да го покривате.