Во текот на изминатото деноноќие, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информираше дека направени се 656 тестови, а регистрирани биле 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 44, Прилеп – 7, Битола и Велес – по 6, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Ресен – 3, Штип, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Струмица, Кочани и Струга – по 1.
Од вкупниот број на нови заболени од Ковид-19 (89), регистрирани биле 26 реинфекции и 125 оздравени пациенти. Пријавено било и едно починато лице од Струмица(71г), кое починало во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не биле регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, на починати е 9.521, а бројот на активни случаи изнесува 689.