Следнава комбинација на билки и зачини е одлична за забрзување на метаболизмот и согорување на мастите. По само неколку дена консумирање на оваа комбинација во форма на чај, резултатите се видливи. Станува збор за зелен чај, ловоров лист и цимет, три исклучително здрави состојки кои се подготвуваат на следниов начин:
Потребни состојки:
зелен чај
3 ловорови листа
малку цимет
Начин на подготовка:
Провријте 800 милилитри вода, тргнете ја од оган и додајте 2 мали лажички или 1 стапче цимет. Додате и 3 ловорови листови и 1 рамна лажица зелен чај. Поклопете и оставете 10 минути да отстои, а потоа процедете.
Овој чај е одличен за забрзување на метаболизмот, а најдобро е да се конзумира наутро. Испијте чаша од овој чај наутро на празен желудник. Втората шолја можете да ја испиете по појадокот, а третата пред спиење.
Со три шолји од овој чај дневно ќе го забрзате својот метаболизам и ќе ослабнете. Резултатите се видливи многу брзо.