Откако македонските медиуми ја пренесоа веста дека 39-годишната родилка која скокна од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство неколку дена по породувањето, им подлегна на повредите стекнати при скокањето, тимот на ГАК ја отфри одговорноста за овој немил настан.
Иако Државниот здравствен и санитарен инспекторат со вонредниот инспекциски надзор по несреќата, констатираше пропусти и издаде решение за утврдување одговорност кај здравствените работници кои не обезбедиле психијатар за родилката иако во два наврати таа покажала вознемиреност, сепак од Клиниката за гинекологија посочуваат дека презеле се.
Фаталниот настан се случи на 2 јули околу 21:30 часот, а 12 дена подоцна родилката почина.