Црниот дроб ја обработува крвта од дигестивниот систем и ја ослободува од штетните материи како алкохол, дрога и други токсини. Тоа е во суштина природен систем за детоксикација на нашето тело.

Црниот дроб исто така произведува холестерол кога на телото му е потребен и го регулира неговото ниво во телото. Учествува и во метаболизмот на протеините, јаглехидратите и мастите. Иако ниту една храна нема да ја подобри функцијата на црниот дроб сама по себе, генерално урамнотежената исхрана богата со намирниците на нашата листа сигурно нема да и наштети.

Лук

Една од најстарите лековити намирници на планетата, лукот содржи активно соединение на база на сулфур наречено алицин, кое делува како критичен поддржувач на детоксикацијата на црниот дроб, помагајќи да се отстранат адитивите во храната и пијалоците. Исто така, се покажа дека лукот помага при губење на тежината кај луѓето со безалкохолна масна болест на црниот дроб (NAFLD).

Печурки

Истражувањата постојано покажуваат дека печурките можат да ги ублажат болестите на црниот дроб. Студијата од 2020 година покажа дека потрошувачката на печурки е значително поврзана со помала преваленца на NAFLD.

Храна богата со ω-3 масни киселини

Омега-3 масните киселини имаат заштитна улога во развојот на NAFLD. Исхраната богата со омега-3 масни киселини ја намалува акумулацијата на масти во црниот дроб и оксидативниот стрес. Храна богата со омега-3 масни киселини е масна риба (лосос, туна, сардина), јаткасти плодови (ореви, бадеми, кикирики), ленено семе, масло од ленено семе, сончогледово масло…

Брокула и карфиол

Зеленчукот како што се брокулата и карфиолот содржат витални фитонутриенти, вклучувајќи флавоноиди и каротеноиди, кои можат да му помогнат на црниот дроб да ги неутрализира хемикалиите.

Јајца

Јајцата ги обезбедуваат дел од најквалитетните протеини, кои ги содржат сите 8 есенцијални амино киселини, холестерол и есенцијалната хранлива материја холин. Истражувањата покажуваат дека недостатокот на холин може да доведе до NAFLD бидејќи стимулира некои од процесите на филтрација на црниот дроб, како и метаболизмот.

Бобинки

Храната богата со антиоксидантни полифеноли, како што се боровинки, јагоди и малини, може да помогне да се намали ризикот од NAFLD. Истражувањата покажуваат дека полифенолите во овие бобинки можат да ги подобрат метаболичките нарушувања, да го заштитат црниот дроб, па дури и да се борат против ракот на црниот дроб.