Не постои повкусен оброк од топла, густа супа, која загрева и дава енергија во зима. Денеска ви препорачуваме еден одличен и здрав рецепт што ќе ви ја даде сета потребна доза витамини.

Состојки:
– 15 мл маслиново масло
– 200 г кромид, крупно исечен
– 200 г моркови, крупно исечкани
– 150 г стапчиња целер, крупно исечкани
– 2 конзерви домати
– 160 г карфиол
– 2 конзерви грав по избор
– 190 г песто
– 40 г пињоли
– 12 листови босилек
– сол и бибер

Подготовка:
Во тенџере загрејте маслиново масло, додајте кромид, рен и целер и сите состојки пржете околу пет минути. Додајте ги доматите од конзерва. Во едната конзерва додајте вода и исто така ставете ја во смесата во тенџерето. Оставете ја супата да се готви околу 10 минути на умерен оган.

Додајте го ситно сечканиот карфиол и сè варете уште пет минути. Додајте го гравот и оставете уште пет минути. Тргнете ја супата од ринглата и во смесата додајте половина од пестото.
Кога ќе ја сервирате, додајте една лажичка песто, малку пињоли и неколку листови босилек.