Дали шеќерот создава зависност? Дали децата од него стануваат хиперактивни? Прочитајте за петте најчести митови за овој злогласен јаглехидрат. Речиси секој ден се појавуваат нови информации за здравјето и правилната исхрана, за тоа што е добро, а што е лошо, што треба да се јаде, а што треба да се избегнува.
Како резултат на слабата едукација и мрзеливост, стапката на дебелина никогаш не била поголема, пренесуваат светските медиуми.
Оние кои водат сметка за исхраната и својата тежина, веројатно ќе го ограничат или во потполност ќе го отстранат шеќерот од својата исхрана, префрлувајќи се на „поздрави“ опции.
Во прилог приочитајте за неколку најчести митови кога станува збор за шеќерот:
- Некои шеќери се поздрави од останатите
Бел шеќер, кафеав или сиров шеќер – повторно е сеедно. Сите видови на шеќери имаат исто влијание на организмот – го зголемуваат нивото на глукоза.
- Шеќерот ги прави децата хиперактивни
Досегашни истражувања не ја поврзаа хиперактивноста на децата со консумација на шеќер. Понекогаш станува збор за тоа дека децата се едноставно деца.
- Шеќерот создава зависност како и дрогата
Магнетните резонанци покажуваат дека шеќерот влијае на центри во мозокот одговорни за чувство на задоволство, но не постојат докази дека создава зависност. Покрај тоа, секако дека нема да имате исти симптоми при внесување на шеќери во својот организам, како кога би консумирале дрога.
- Синтетичките замени за шеќерот се поздрави од самиот шеќерот
Овде влегуваат сите вештачки „засладувачи“ кои претставуваат синтетичка замена за обичниот шеќер. Меѓутоа, всушност се случува сосема спротивното. Иако овие синтетички замени им се препорачуваат на дијабетичарите и на сите кои не смеат да консумираат концентрирана глукоза и шеќер воопшто, истражувањата покажаа дека овие вештачки „засладувачи“ можат да бидат канцерогени. Покрај тоа, едно истражување покажа дека луѓето кои пијат диетални пијалаци без шеќер имаат поголеми шанси да станат дебели.
- Шеќерот треба целосно да се исфрли од исхраната
Иако премногу шеќер може да го наруши здравјето, сепак него го има и во здрави продукти како овошје и зеленчук, поради што е невозможно целосно да се елиминира од исхраната.