Бројот на заболени од грип според официјалните податоци се намалува, ама настинките не попуштаат. Температурните промени со минус степени во утринските часови влијаат настинките полесно да се шират. Впрочем настинките се карактеристични за овој период од годината, како и на пролет, кога надворешните температури вообичаено варираат во текот на денот и ноќта. Доколку во минатото не им посветувавме многу внимание на настинката, она што сега повеќето ги збунува, е зошто оваа сезона нејзините симптоми се посилни и полоши од пред пандемијата.

Како што објаснуваат и матични доктори, повеќето заборавивме како изгледаат настинките, па последнава зима само наизглед личи дека искуството и симптомите се полоши од претходно. Особено што и поради мерките за заштита од претходните години, сега веројатноста повеќето да се соочат најмалку еднаш со настинка е повисока од претходните години.

Симптоми на настинката наликуваат на оние на грипот или други слични вируси, но се послаби. Најчесто болните се жалат на затнат нос, кивање, кашлање, но не е исклучена можноста да има и болки во телото и мускулите, малаксаност, па и слабо зголемена температура.

Стандардни совети кога ќе се појави настинка се повеќе течности, супи, овошје…, но кога болниот сака да си помогне со користење на лек без рецепт и решава да побара совет од фармацевт тогаш секако една од преферираните опции е комбинација на ибупрофен и псеудоефедрин. Оваа комбинација се користи за ублажување на симптомите на затнат нос, главоболка, болка, воспаление, зголемена температура и други симптоми на настинка и грип.

Псеудоефедринот кој е деконгестив помага да се намали отокот во носната слузница а со тоа ја намалува затнатоста во носот. Додека пак ибупрофенот е нестероиден антиинфламаторен лек кој ја намалува болката и главоболката а исто така ја намалува и зголемената температура и знаците на воспаление.

Токму оваа комбинација се содржи во брендот Дефринол на фармацевтскиот гигант Галеника во форма на таблети за возрасни и сируп за деца над 6 години.

Производителот Галеника е регионален фармацевтски гигант, чии  производи повеќе од седум децении може да се набават во секоја аптека во Македонија. Грижата за здравјето на луѓето е само дел од фокусот на компанијата, која е посветена и инвестира во квалитетни и современи производи кои одговараат на барањата на модерното живеење на секој поединец.