Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а омилен им е на сите оние што не можат да му одолеат на вкусот на кокос.
Овој колач е инспириран од вкусните баунти чоколатца. Тој е совршен спој на кокос и чоколадо, а ќе им се допадне на сите кои сакаат да подготват вкусен и брз десерт.
Потребни состојки:
За кора:
28 парчиња (308g) Орео колачиња;
70g несолен путер;
За фил од кокос:
400ml кокосово млеко;
200g кокос;
3 лажици шеќер.
За прелив од чоколадо:
80ml кокосово млеко;
115g чоколадо за готвење;
½ лажица путер;
Кокос (за декорација).
Начин на подготовка:
Млекото за филот се загрева и му се додава шеќерот;
Со повремено мешање се остава млекото да врие на тивка температура, додека не испари половина од течноста и се направи кондензирано;
Орео колачињата се дробат во процесор за храна, или во ќеса со сукало, а путерот се топи на пареа;
Во длабок сад се мешаат искршените колачиња и стопениот путер и од нив се прави кора, па се става да отстои во ладилник околу половина час;
Во мало тенџере се загреваат 80ml кокосово млеко и потоа во него се додава искршеното чоколадо;
Чоколадото се остава да отстои околу 5 минути во млекото, па се меша додека да се стопи;
На крај во чоколадниот прелив се додава путер и се меша;
Во изладеното кокосово млеко за филот се додава кокос и се меша;
Се става врз оладената кора, па се прелева со чоколаден прелив и се остава во ладилник да се олади околу 3-4 часа;
Откако ќе се олади, колачот се декорира со кокос.