Печената пита од компири со сланина, кромид и јајца традиционално се подготвува во Литванија по повод Велигден.Таа се нарекува уште и пудинг од компири, бидејќи во неа се додава млеко и е мека.

Овој традиционален литвански рецепт обично се служи со сос од јаболка, павлака или со парчиња сланина и може да се јаде како главно јадење или како прилог.

Состојки:
– 230 грама сланина сечкана
– 1 поголем кромид, сечкан
– 5 големи јајца, изматени
– 160 мл млеко
– 200 мл незасладено кондензирано млеко
– 1 /1/2 лажичка сол
– 60 грама овесни снегулки
– 2 кг и 200 грама компири, излупени и изрендани

Подготовка:
За печената пита од компири со сланина, кромид и јајца, загрејте ја рерната на 176 степени. Премачкајте огноотпорен сад со масло и оставете го настрана.
Во голема тава, пржете ги сланината и кромидот додека не поруменат и станат карамелизирани. Оставете во тавата и не цедете ја маснотијата. Оставете го садот настрана да се излади.

Во поголем сад измешајте ги јајцата, млекото, незасладеното кондензирано млеко, солта и овесните снегулки. Додадете ја смесата со сланина и кромид и маснотиите. Мешајте додека убаво не се соедини. Со помош на процесор за храна или со рака, ситно изрендајте ги компирите, истиснувајќи го вишокот влага. Работете брзо за да не поцрнат компирите.

Во смесата со сланина и јајца додадете ги ренданите и исцедени компири, убаво измешајте. Во подготвената тепсија сипете ја смесата од компири и печете час и половина или додека горниот дел убаво не порумени, а внатрешноста да биде цврста, но сепак влажна. Извадете ја тепсијата од рерната и оставете ја да отстои 5 минути пред да ја исечете на коцки. Послужете како прилог или како главно јадење со салата.