Потребно е:

главица кромид
2 чешниња лук
2 моркови
200 гр печурки
100 гр пченка
150 гр ориз
1 конзерва туна
сол
бибер
масло

Подготовка:

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид и лук. Додадете ги сечканите моркови и печурките, па динстајте околу 15 минути.

Исцедете го оризот и исцедете ја туната од маслото. Во сад се става оризот, па се додава динстаниот кромид со печурки, пченка и туна.

Убаво измешајте го рижото и зачинете. Добар апетит!