Трилече е едно од најсочните колачи, чии главни состојки се млекото и карамелата. Но, ако не сакате карамела или само сакате да пробате нешто ново, се попопуларниот крем од ф’стаци би можел да биде добра замена.

Кремот од ф’стаци е популарна храна во последно време, бидејќи е една од главните состојки на Дубаи чоколадото. Меѓутоа, ако сте повеќе љубители на сочни, меки бисквити и слатки без чоколадо, можете да направите торта по овој рецепт.

Десертот можете да го декорирате и со сечкани ф’стаци на крајот.

Состојките што ќе ви бидат потребни се:

150 грама брашно
половина кесичка прашок за пециво
шест јајца
120 грама шеќер
две кесички ванилин шеќер
800 милилитри млеко + 50 грама шеќер

500 милилитри слатка павлака
две лажици крем од ф’стаци

Подготовка:

Најпрво одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките додека не се стегнат, а потоа додадете го шеќерот и продолжете со матење додека шеќерот не се раствори. После тоа постепено се додаваат жолчките, но важно е да се мати со најмала брзина на миксерот.

Измешајте ги брашното и прашокот за печиво и додајте ги во смесата со јајцата и продолжете со матење на најмала брзина. Смесата истурете ја во калап со димензии 20 на 30 сантиметри и печете околу 20 минути во загреана рерна на 180 степени.

Кога ќе се испече колачот, оставете го да се излади во калапот и подоцна извадете го. Во калапот сипете 450 милилитри слатка павлака, а 50 милилитри оставете ги за подоцна. Нежно вратете го колачот и покријте го со млеко измешано со 50 грама шеќер. Сега земете 50 милилитри слатка павлака и изматете ја со кремот од ф’стаци и намачкајте ја на бисквитот. На крајот се може да украсите со парчиња ф’стаци.