Клиничкиот професор по микробиологија Филип Тјерно, тврди нешто што никој не го знае, а се работи за секојдневната хигиена.
Тој тврди дека највалканиот предмет во домаќинството е токму кујнскиот сунѓер.
– Сунѓерот е полн со дупчиња во кои се задржуваат сите нечистотии, па дури и непосакувани микроорганизми. Кога ги миете садовите, парчиња од храна остануваат заглавени во пукнатините, а затоа што сунѓерот останува мокар и бавно се суши, на секои 20 минути се развива нова бактерија, објаснува доктор Тјерно.
Како што тој тврди, најдобар начин за дезинфекција е избелувачот со хлор.
Растворот треба да се промеша со вода во размер 1:9 и сунѓерчето да се стави во течноста неколку минути.
Потоа треба да се исцеди и добро да се исуши. Пред следната употреба прво исплакнете, па мијте ги садовите.