Цитрусни овошја – грејпфрутот, лимонот, лиметата, цитронот, портокалот се одлични извори на влакна и витамин Ц. Витаминот Ц според бројни истражувања консимиран на дневна основа помага во слабеење.
Започнете го својот ден со чаша вода со малку исцеден лимон , пред ручек направете чај од мента и лимон, а по ручекот изедете грејпфрут.
Колку повеќе консумирате од овие овошја резултатите при слабеење се повидливи за брз временски период. Пијте 2 литри вода за да бидете доволно хидрирани, покрај телото, вашата кожа ќе резултира со подбар тонус, цврстина, еластичност а ќе делува подмладено и освежено.
Помелото е цитрусно овошје кое изобилува со витамини и минерали. Зрелиот плод е во светло зелена или жолта боја, додека од внатре е бел, понекогаш, но ретко розов или црвен. Како и сите цитруси, богат е со витамин Ц, калиум, бакар, фосфор и магнезиум.
Поради високата содржина на пектин и влакна, помелото остава долго чувство на ситост, а освен тоа е плод со ниска калорична вредност.