Сок од пченичната трева со добра причина се нарекува зелено злато на здравјето бидејќи обилува со високи нутритивни вредности. Овој волшебен еликсир богат е со антиоксиданси, хлорофил, витамини и минерали.
Бенефитите на младите зелени листови на пченица препознале уште старите Египќани во петтиот век пред Христ одгледувајќи ја во плодните долини на реката Нил. Нешто подоцна Грците па и Римјаните, а постојат и записи и во примена во медицината. Старите кинези ја користеле тревата од пченица за чистење на крвта бидејќи ги врзува за себе тешките метали како што е живата и ги отстранува од организмот. Сепак своето потекло влечи од Алпите, за што постојат и списи, а освен во Египет и Кина, ја користеле и Сумерите, Индијците и Есенската заедница.
Сок од пченичната трева е посебно ценета, поради високата содржина на хлорофил. Многу различни студии и лабораториски експерименти во последните децении, покажале дека хлорофилот е терапевтски тоник за целата низа на различните заболувања
Хлорофилот делува како црвените крвни зрнца и помага во чистењето на артериите. Хранливите материи и кислородот, кои што ги содржи хлорофилот, помагаат во детоксикацијата и отстранувањето на токсините од нашето тело. Сок од пченичната трева е темел на многу природни третмани затоа што има извонредни својства во регенерацијата на телото.
Пченичната трева има најмалку 17 лековити својства, па затоа сок од пченична трева би требало да биде дел од нашата исхрана.
Лековити својства на пченичната трева:
- Една е од најбогатите извори на витамин А и Ц
- Содржи урамнотежен спектар на витамин Б, вклучувајќи го и витаминот Б17 кој помага кај селективното уништување на одредени клетки на рак без оштетување на здравите клетки
- Содржи калциум, фосфор, магнезиум, натриум и калиум во урамнотежени количества
- Преставува извор на органско железо што доведува до подобра циркулација
- Содржи 92 до 102 минерали во траги кои можат да се добијат од билките
- Најефикасен е облик на терапија со хлорофил
- Помага во намалување на покачениот крвен притисок
- Го зголемува бројот на црвените крвни зрнца и ја чисти крвта
- Дава поубав изглед на кожата и ноктите
- Го чисти црниот џигер
- Помага за побрзо зацелување на раните
- Помага за отстранување токсини од крвта
- Одлична е помош за слабеење
- Го намалува паѓањето на косата
- Помага при проблеми со желудникот
- Го зајакнува имунитетот и ја зголемува енергијата
- Ја намалува киселоста на организмот
Како да го консумирате сокот од пченичната трева?
Со оглед дека пченичната трева е силен чистач на организмот, можеби по консумирањето на сокот ќе се чувствувате лошо. Тоа е реакција на токсините кои почнале да се исфрлуваат од телото. Ова реакција трае само неколку дена. Па затоа се препорачува да почнете со мали количества од 30 милилитри сок на ден, а потоа постапно да се зголеми количество, така што ќе пиете 30 милилитри два пати дневно.
Сок од пченичната трева има силен вкус кој на многу луѓе не им се допаѓа. Затоа е најдобро да се комбинира со овошјето како што е лимонот, портокал или грејпфрут.
Кога ќе се подготви сок од пченичната трева потребно е да се испие во рок од 15 минути бидејќи брзо ги губи своите својства. Сокот пијте го 30 минути пред јадење или наместо јадење.
Најдобро е пченицата да се одгледува на земја и да се зема непосредно пред консумирањето. За цедење на сокот можете да го користете соковникот или блендерот со додаток на вода.