Најчесто, за делот околу стомакот е потребно најмногу труд и нега, за да успеете да го израмните, без да му наштетите на здравјето. Многумина веруваат дека вежбите можат да придонесат за здравјето и убавината, но треба да не се форсирате и да се консултирате со стручно лице.
Во продолжение ви нудиме неколку вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот околу стомакот.
- Вежба 1
Легнете на грб со рацете спуштени покрај телото. Подигнете ги нозете и држете ги исправено, околу 30 cm над земја. Ако ви е тешко, почнете со една па со друга нога. Повторете 10-15 пати.
- Вежба 2
Легнати на земја, свиткајте ги нозете во колената и поткренете ги, вртејќи како да возите велосипед. Додека едната нога е свиткана нагоре, другата треба да биде исправена и обратно. Повторете 5 пати.
- Вежба 3
Легнати на земја, со рацете покрај телото, кренете ги нозете нагоре исправувајќи ги под агол од 90 степени со телото и подот. Полека поткревајте ги и рамениците и градите, држете неколку секунди и пак легнете. Ако ви е тешко на почеток, почнете со свиткани нозе наместо со кренати. Повторете 10 пати.
- Вежба 4
Ако имате пилатес топка, легнете на грб, држејќи ги стапалата на подот со свиткани колена. Рацете ставете ги зад глава и полека поткренете ја главата и градите. Повторете 5 пати во 3 серии.
- Вежба 5
Застанете потпрени на двете колена и на дланките со исправени раце. Полека подигнете ја левата нога паралелно, а истовремено исправете ја нагоре десната рака. Останете така 3 секунди, вратете се во првобитна положба и сменете ги страните. Повторете 5 пати.