Податоците на германските научници потврдуваат дека здравите животни навики се поврзани со до 38 отсто помал ризик за мозочен удар (шлог).
Истражувачите врз примерок од околу 24.000 испитаници ги следеле ефектите од одржување здрава телесна маса, вежбање, здрава исхрана, избегнување на пушењето и претераното конзумирање на алкохол, при што учесниците во истражувањето се следени околу 13 години.
Се покажало дека во поглед на превенцијата на шлог најважни фактори биле избегнување на пушење и одржување здрава тежина.
Освен тоа, е утврдено дека прекинот на пушењето на која било возраст резултира со намалување на ризикот за мозочен удар.