Неуредната исхрана која подразбира мал внес на готвена храна и голем внес на брза храна во нашето тело создава подуеност. Последици на ваквата исхрана се и чувство на тежина во желудникот, омалаксаност и недостаток на енергија. Сето тоа може да се олесни со микс на зеленчук и овошје кои ќе ги прочистат цревата. Мешавината на овошје и зеленчук кои изобилуваат со витамини, минерали и вода е прочистувач на телото.

Морковите изобилуваат со влакна и антиоксиданс бета-каротен кој во телото се претвора во витамин А. Овој зеленчук го забрзува метаболизмот и го решава застојот кој е предизвикан од сувата храна.

Грејпот е овошје чија улога е чистење на организмот, а изобилува со витамин Ц, ги топи мастите и ги претвора во енергија.

Краставицата благодарение на изобилството на влакна го зајакнува чувството на ситост, претставува природен диуретик, ја намалува подуеноста и го чисти телото од токсини.

Нането ја забрзува и контролира работата на метаболизмот и го смирува желудникот.

Состојки:
– ½ литар вода
– 1 грејп
– 2 големи моркови
– 1 краставица
– рендан ѓумбир
– 5 ливчиња нане

Пијалакот се подготвува во блендер и се консумира два пати дневно, наутро и пред ручек.