Препознавањето на знаците на благата дехидрација е најдобар начин за да се спречат проблемите.
Зголемена жед
Зголемената жед е еден од најочигледните знаци на дехидрација. Според National Academy of Sciences жените треба да пијат вода од 11 -12 чаши дневно, а мажите од 14-15.
Поретко уринирање
Просечно, личноста уринира од три до четири пати на ден. Кога сте дехидрирани ќе забележите дека урнирате значително помалку или пак воопшто не го правите тоа. Тоа е така затоа што мозокот испраќа информација до бубрезите да ги сочуваат течностите.
Темна урина
Покрај тоа што не мокрите често, можете да забележите дека и урината станува потемна. Тоа е затоа што бубрезите ја држат подолго време.
Дехидрирана кожа
Кожата ја губи еластичноста и на неа се појавуваат брчки. Тоа е така затоа што водата сочинува 64% од човечката кожа.
Сува уста
Исто како и кај кожата, се суши и вашата уста. Причина за тоа што кога сте дехидрирани, вашето тело не може да произведе толкаво количество на плунка, кое што е вообичаено потребно за да ја одржува устата влажна.
Лош здив
Истото се случува и со лошиот здив. Намаленото количество на плунка доведува до една ваква појава, затоа што плунката ги елиминира бактериите од устата. Без неа бактериите растат непроверени предизвикувајќи лош здив.
Желба за слатки
Секој дел од вашето тело има потреба од вода за да може да функционира правилно. При дехидрација, црниот дроб не би можел да произведе глукоза која му е потребна на организмот за да ги претвори шеќерите во енергија. Затоа се јавува желбата за нешто слатко. Ова може да предизвика проблем кај дијабетичарите.