Ако ве облева пот кога треба да влезете во ординацијата на вашиот гинеколог, имајте на ум дека е најважно да бидете отворени и на докторот да му го изнесете секој проблем што се однесува на репродуктивното здравје.
Еве неколку проблеми кои жените најчесто ги премолчуваат пред гинекологот.
- Болен сексуален однос
Околу 15 проценти од жените, во различни фази од животот, чуваствуваат непријатност и болка во текот на сексуалниот однос. Овој проблем не смеете да го занемарувате. Укажете му прво на партнерот, а потоа секако и на својот гинеколог. Тој ќе провери дали постои некое заболување што е причина за таквата состојба. Нема причина да се трпи каква било болка, ниту да ви биде непријатно да побарате помош за решавање на интимните проблеми.
- Вагинално чешање
Вагиналното чешање е непријатно и многу жени се срамат да му го кажат овој проблем на гинекологот.
Обично мислат дека причина за тоа е инфекција, па веднаш трошат пари на лекови од кои им станува уште полошо. Чешањето може да биде знак за сексуално преносливи инфекции, нарушена кисело-базна средина на вагината поради пречувствителност на средствата за хигиена, намален имунитет, примање антибиотици или знак за предупредување од некои посериозни заболувања. Затоа, не препишувајте си самите лекови, дозволете му на гинеколот да ве прегледа и да одреди соодветна терапија.
- Непријатен мирис на секретот
Лекарите велат дека прво правило кое треба да го почитувате е да пиете дури после јадење, а никако на празен желудник, бидејќи кога сте најадени, алкохолот подобро се вари и поспоро навлегува во крвта. Во спротивно, полесно ќе ве “фати“ и директно ќе го нападне нервниот систем.
Алкохолот го отежнува варењето Нашата традиција вели дека добро е пред јадењето да се напиеме нешто жестоко (да не речеме ракиичка) за подобро да се свари храната.
Меѓутоа, лекарите велат дека алкохолот наместо да го олесни, всушност го отежнува варењето со тоа што ја надразнува слузницата на желудникот и го успорува поминувањето на храната, така што стомакот станува надуен, храната се враќа во храноповодот, па почнува упорно штуцање и отежнато дишење.