Чувството дека сте помлади од вашата вистинска возраст може да е индикатор за целокупното здравје на мозокот.
Преку анализа на скеновите од мозокот истражувачите откриле дека луѓето што се сметаат за помлади отколку што се имаат повеќе сива материја во критичните области на мозокот – што е знак за здрав мозок.
Сивата материја има многубројни функции во мозокот, вклучувајќи и чистење на мозокот од вишокот хемикалии и транспорт на гликоза.
Исто така, истражувањето откри дека оние што се чувствуваат помлади имале подобри резултати на тестовите за меморија и имале помала веројатност да покажат депресивни симптоми.
За да се анализира влијанието на субјективната возраст – возраста што луѓето ја чувствувале во споредба со нивната вистинска возраст – истражувачите побарале од 68 лица на возраст од 59 до 84 години да кажат колку години имаат и за колку години се чувствуваат – и ги споредиле одговорите со скеновите на мозокот.
- Луѓето што се чувствуваат помлади имаат структурни карактеристики на помлад мозок, вели професорот Јеанјунг Чеј, кој го предводел истражувањето.
Овие наоди биле очигледни дури и кога се земале предвид други фактори, вклучувајќи ги личноста, субјективното здравје, депресивните симптоми и когнитивните функции.
Истражувањето открило и дека лицето што субјективно се чувствува постаро од неговата возраст може да се чувствува така поради биолошките промени или избор на начинот на живот.
- Ако некој се чувствува постаро од својата возраст, тоа може да е знак дека треба да го преиспита својот животен стил, навики и активности што би можеле да придонесат за стареење на мозокот и да преземе мерки за подобра грижа за здравјето на мозокот, вели професорот Чеј.
Постарата субјективна возраст би можела да биде показател и за посериозни проблеми, како што се раните фази на деменција, заклучува истражувањето.
Оваа самосвест за субјективната возраст е особено важна бидејќи може да обезбеди информации што не се поинаку видливи за здравјето на мозокот.
Оние што се чувствуваат помладо отколку што се, и живеат физички и ментално активен живот, имаат поздрав мозок.