Дваесет и едногодишниот Н.С. кој на 29 јуни физички беше нападнот од три машки лица на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје, во 8 часот на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ им подлегна на повредите.
Раководителот на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, доктор Маја Мојсова изјави дека момчето било донесено во Ургентниот центар со немерлив притисок и со слаб пулс.
– Откако е почната срцева белодробна мозочна реанимација е пренесено во КАРИЛ во многу тешка состојба со многу тешки повреди на мозокот и со многу тежок исход. На неколку пати е враќано во живот, но за жал подлегна на повредите, додаде доктор Мојсова.