Случајот со оставеното бебе пред Домот за доенчиња во Битола го испитува и Народниот правобранител. Отворен е посебен предмет, откако после неколкудневната истрага се покажа дека се работи за малолетна мајка од Тетово. Од Канцеларијата на Народниот правобранител велат дека моментално се работи и на утврдување на ДНК на бебето, со цел да се потврди дека таа е навистина мајката на бебето за да може сигурно да се знае како да се постапува потоа. Според сознанијата кои ги добиле, станува збор за мајка која за неколку месеци ќе стане полнолетна, а веќе има и друго дете на возраст од година и пол, па затоа социјалните служби утврдиле дека таа знае веќе како треба да се грижи за дете. Тие и даваат на мајката постојана поддршка за да си го врати бебето назад и според сознанија на стручниот тим, има потенцијал за да биде добар родител. Центарот за социјална работа од Тетово го известил Народниот правобранител дека има голема веројатност мајката да си го задржи бебето. Но она што останува како прашање е причината за ваквиот исход. Полицијата најави соодветна пријава за мајката за запоставување на детето, но се уште не е позната причината зошто мајката се реши на ваков чекор, но и кој точно го оставил женското новороденче пред Домот за доенчиња во Битола пред десетина дена околу полноќ.
Народниот правобранител го испитува случајот со оставеното бебе пред Домот за доенчиња во Битола – Тоа било второ дете на мајката!
Случајот со оставеното бебе пред Домот за доенчиња во Битола го испитува и Народниот правобранител. Отворен е посебен предмет, откако после неколкудневната истрага се покажа дека се работи за малолетна…
Categories: Здравство
Ознаки: бебе, дом за доенчиња битола, мајка, народен правобранител, тетово
Related Articles