Научниците откриле интересен факт за сокот од аронија кој одлично делува во комбинација со сок од цвекло. Напитокот од аронија и цвекло содржи висок процент антиоксиданси кои имаат важна улога во сочувувањето на здравјето.
Многу е мудро да се комбинира сокот од аронија со сокот од цвекло, бидејќи двете намирници содржат природни соединенија кои во организмот овозможуваат ширење на крвните садови а со тоа и подобра циркулација.
Во истражуавњето учествувале 19 жени на возраст помеѓу 25 и 48 години и во текот на 90 дена секојдневно консумирале по 100 мл. сок од аронија. Резултатите покажале дека веќе после 45 дена кај испитаниците дошло до видливо намалување на целулитот што аронијата ја прави идеален напиток за слабеење и детоксикација.
Состојки за еден напиток:
2 супени лажици сок од аронија
50 мл сок од цвекло
50 мл минерална вода
Состојките треба добро да се измешаат.