Данските научници преку испитување на 66.000 луѓе над 30 години, потврдија дека постои генетска предиспозиција и зголемен ризик од длабока венска тромбоза кај луѓето со крвни групи АБ, А и Б, што е за 40% повисоко отколку кај луѓето со крвна група 0.

Научниците од Харвард, во 20-годишно истражување на 77.000 луѓе, откриле дека оние со крвна група АБ имаат 23% поголем ризик од срцеви заболувања во споредба со луѓето со крвна група О. Оние со крвна група Б имале 11% поголем ризик, и оние со крвна група А само 5%.

Точната причина не е позната, но се верува дека кај крвната група О, каде што ризикот е намален, постои хемиска супстанца која го спречува згрутчувањето на крвта. Сепак, несомнено е дека начинот на живот, тежината, пушењето и исхраната имаат многу поголемо влијание врз срцевите заболувања отколку крвната група.

Според истражувањето на лекарите од Институтот Каролинска во Шведска, луѓето со крвна група А се 20% почувствителни на факторите на ризик како што се цигарите и алкохолот.