Тестовите кои беа спроведени во Велика Британија покажуваат дека во овие „лигавци“ има 4 пати концентрација на оваа хемикалија од дозволеното според Европскиот стандард. Борот се користи со цел играчката да биде леплива, а надлежните ги повикуваат родителите да внимаваат што и каде купуваат.
Родителите треба да бидат внимателни и доколку одлучат на децата да им дозволат да направат дома слајм, бидејќи некои од состојките од кој се прави оваа лигава играчка како растворот за контактни леќи содржи боракс кој е напаравен од бор.
Низ скопските продавници оваа играчка може да се купи од 10 до 50 денари зависност од нејзината големина и пакување, но има и слајмови кои чинат и по 200 и 500 денари.
Слајмот стана хит пред една година, на Јутуб каналите станаа популарни видеата направете сами лигавци кои од милиони луѓе беа шерувани и гледани.
Големата клична на бор може да предзивика кожна иритација, диареја, главоболка, повраќање како и депресија. Исто така може да наштети на плодноста како и на плодот во стомакот на мајката, наведуваат од Европската комисија.
Родителите треба да внимаваат и да проверуваат на кутиите дали ја имаат ознаката СЕ, која означува дека е помината контролата на ЕУ. Повеќето играчки кои доаѓаат од Кина содржат токсични бои и олово кои можат да го нарушат здравјето на детето.