1. Ушниот восок е жолт или зелен
– Ако при чистење на ушите восокот од нив е со зелена, жола, црна или бела боја, најверојатно е присутна инфекција и треба да се појде на доктор. Инфекциите се појавуваат за многу кратко време и често е речиси невозможно да се утврди што е причината за нив – вели оториноларингологот Бенјамин Твил од Њујорк.
2. Ушниот восок е во парченца
Ако е во мали парченца и ако кожата во ушниот канал се лупи, постои веројатност дека имате егзем.
-Ако подолго време восокот е на парчиња, постои можност човек да пати од псоријаза, што не е толку честа појава – предупредува доктор Твил.
3. Ушниот восок има мирис
Тој никогаш не треба да има мирис. Мирисот обично значи дека е присутна инфекција во телото.
– Од искуство можам да кажам дека самиот пациент забележува дека восокот има чуден мирис, иако знаеше да се случи и други да го предупредат на тоа. Како и да е, што поскоро треба да се посети доктор и да се провери дали се работи за инфекција или за нешто друго – објаснува доктор Твил.
4. Ушниот восок истекува од ушите
Нормално е ушите да бидат мокри по вежбање, но ако наутро се разбудите и на перницата забележите жолти дамки од восок или ако на ресичките напипате закоравен восок, тоа е знак за инфекција или за хронична болест на ушите – објаснува доктор Твил.
5. Можете да го почувствувате ушниот восок
Ако можете да го почувствувате ушниот восок во ушните канали, тоа значи дека тој е згуснат и блокиран и дека треба да се појде на доктор да се исчисти. Спротивно на уваженото мислење, стапчињата за уши не ги чистат ушите, туку луѓето со нив само го потиснуваат подлабоко ушниот восок во ушниот канал, што може да резултира со негово натрупување, иритација, па дури и оштетување на ушното тапанче.
6. Ве чешаат ушите поради восокот
Секој понекогаш го зачешуваат ушите, но ако тоа потојано се случува, тоа е сигнал дека нешто не е во ред со нив. Чешањето на ушите или околу ушниот канал може да биде симптом за инфекција.
7. Ушниот восок е сув или со темна боја
Ако забележите дека восокот со тек на време станува е погуст или се суши, тоа е нормален знак за стареење. Во тој случај нема потреба од загриженост дека се работи за некоја болест.